На 23 јуни 2016 Скај њуз го започнува своето покривање на резултаите од гласањето во 22:00 точно во моментот на затворањето на гласачките места за референдумот за брегзит. Во првата минута ја објавуваат изјавата на Најџел Фараж, кој на изненадување на сите веднаш признава дека противничката кампања за останување во ЕУ најверојатно победила. Неколку минути подоцна идентично предвидување дава и првиот човек на угледниот ЈуГов. Како што се емитуваат изјавите така почнува да расте и вредноста на фунтата.
Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.
Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.
Откако е забележан како чека во ред за влез во германската амбасада во Лондон, заштитниот кловн на брегзит одбива да одговори на прашањето дали аплицирал за добивање на германско државјанство.
Само против Обединетото Кралство, Брисел има поднесено речиси 50 судски тужби за прекршување разно-разни правила на ЕУ, од увоз на лук па до детски играчки. Градоначалникот на Лондон вели дека не гледа причина да се останува во Унијата.