Тој е забележан од еден Фејсбук корисник, а подоцна веста ја преземаат неколку медиуми кои го контактираат Фараж да го прашаат што правел во германската амбасада и дали бил да поднесе документи за државјанство. Одговорот на Фараж бил „Не е ваша работа“.
Медиумите се обратиле со истото прашање и до партијата на Фараж, УКИП, ама од таму не добиле ниту одговор.
Сопругата на Фараж, Кирстен Мер, е Германка, па една од шпекулациите е дека тој бил во амбасадата во обид да се осигура (правно и процедурално) дека неговата сопруга нема да биде депортирана во Германија по заминувањето на Британија од ЕУ.
Гневот околу потенцијалното двојно државјанство на Фараж е што тој ја предводеше кампањата со која „цела Британија ја лиши од ЕУ-државјанство, за сега тој самиот да бара ЕУ-државјанство“.
Видеото од посетата на Фараж на Бугарија, тука