Првично збунети од појавувањето на непознатиот човек на говорница (анкетата пред собирот покажа дека 8 од 10 не чуле ни за Фараж ни за брегзит), присутните "се отворија" кон Фараж откако беше топло пречекан од Трамп, кој го претстави првиот човек на Укип како лидерот кој и се спротивстави на ЕУ "наспроти сите шанси."
Во својот говор, како што доловува Гардијан, Фараж стоејќи до еден од најбогатите луѓе во САД, изјави дека брегзит бил "за малиот човек, за вистинскиот човек."
Иако експлицитно не кажа дека го поддржува Трамп, Фараж порача "ако јас бев американски граѓанин, јас не би гласал за Хилари Клинтон дури и да ми платиш." И пред патувањето преку океанот беше најавено дека Фараж нема да даде поддршка за Трамп, туку оди во САД за "на гласачите од Мисисипи да им ја раскаже приказната за брегзит" за тоа како триумфирал наспроти изборните шанси.
Ангажманот на Фараж е дел од стратегијата на новиот раководител на кампањата на Трамп, Стивен Бенон, кој претходно раководеше со сајтот Бретибарт, и беше еден од најентузијастичките поддржувачи на Брегзит. Пред една седмица Трамп самиот себе се брендираше како "Г-дин Брегзит".
Реакцијата на една од симпатизерките на Трамп, кога овој кажува дека Хилари била полна со предрасуди: