Официјален Брисел има поднесено 47 судски тужби против Лондон заради прекршување на дузина директиви на Европската комисија и останати правни договори. Доколку Британија не успее да ги адресира обвинувањата, се соочува со високи казни од Европскиот суд.
Меѓу тужбите се случаите со увоз на лук од Кина, издувните гасови на тракторите, безбедноста на детските играчки, чистењето на плажите, енергетската ефикасност на градежните објекти....
Иако Дејвид Камерон сака да го ре-преговара членството и за во 2017-та (доколку остане на власт) вети референдум за останување или излегување од Унијата , сега се наоѓа под дополнителен притисок на евроскептиците во својата партија и на оние во Партијата за Независност.
Ториевскиот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, изјави дека до сега не слушнал издржана платформа зошто би се останувало во Европската Унија.
Правните експерти проценуваат дека некои од тужбите можат да се влечкаат со години и да одземат сериозни финансиски и други ресурси.
"Колку ли потонавме кога не можеме да донесеме ни најмала одлука за нашите животи без да ги прашаме европските бирократи? Треба само да ги погледнете листите на сите можни процедури и да сфатите дека ЕУ во моментов го регулира и го контролира секој можен аспект на нашите живеачки," изјави Најџел Фараж.