Цената е постигната како резултат на наддавање на „елитна група кинески ентузијасти“.
Продавачот е 63-годишен Фламанец кој има 500 гулаби, тврди дека сите ги знае по име и по 12 часа на ден работи со нив. Тој сосема искрено признава дека птицата, по крштеница Армандо, е со шампионско педигре, ама ни тој не очекувал дека толкава пара ќе заработи на нејзе.
„Двајца Кинези однапред ми кажаа дека апсолутно сакаат да го имаат Армандо. Ама не ми се веруваше дека ова ќе се случи. Ова е најголемиот успех за сите овие години во гулабарство,“ изјавил сопственикот Вершхот.
Во он-лајн аукцијата која траела две недели, едниот наддавач со код „ХДДПО“ постојано ја зголемувал својата понуда за по 100 илјади евра, за по некое време вториот наддавач „Чемп тим“ да го зголеми влогот за уште 2.000 евра.
Последната понуда со која завршува аукцијата е 1.252.000 евра, што е три пати повеќе од претходниот рекорд за најскап гулаб од 400.000 евра што исто така го држеше еден Кинез, исто така за гулаб на Вершхот.
Армандо освен за летање, ќе биде искористен и за размножување со „специјална гулабица“ што го чека во Кина, купена за идентично неверојатна сума.
Рекордно скапиот гулаб е стар 5 години и е пред пензија, а меѓу неговите перформанси е наведено дека „има исклучително чувство за правец и неверојатна сила на крилјата.