Само 23 Андроид анти-вирус апликации имале 100% стапка на детектирање на вируси, а само 80 го минале основниот тест за детектирање. Граница за минување на основен тест е детектирање на 30% од малверот.
Во тестот на австралискиот АВ-компаративс биле тестирани вкупно 250 анти-вирус апликации.
Самите тестови не биле воопшто компликувани. Секој анти-вирус бил инсталиран на посебен Андроид уред (без емулатори) кој бил автоматизиран да отвори браусер, да симне малвер апликација и да ја инсталира. Ова го повторуваат по 2.000 пати за секој анти-вирус за да тестираат две илјади најчести Андроид малвер апликации од 2018, „што значи дека анти-вирус апликациите требало многу одамна само да го имаат индексирано овој малвер“.
Вон овие 80, имало и случаи на апликации кои сами себе се детектирале како малвер. Некои анти-вируси воопшто не ги скенирале апликациите, туку само имале бела и црна листа на дозволени и забранети апликации.
Која е целта на некој да направи анти-вирус што не открива вируси? Како и сите апликации - собирање податоци од корисниците. Од анти-вирус апликациите по природа се очекува да побараат (и речиси редовно да добијат) пермисија до скоро сите можни фајлови на нечиј телефон, бидејќи луѓе почнаа да се освестуваат кога небитна игра ќе им побара пермисии до секакви фајлови на нивниот смартфон.