Грчки рецепт за втерување одговорност кај општинари

Седница на локални власти одговорни за училиштата во една од населбите во Атина. Комплетно ненајавено на седницата влетува еден крајно разбеснет родител заедно со блок малтер.

Родителот го лупа блокот од бирото на (веројатно) надлежниот општинар и трга да се објасни со него пред дел од присутните (на радост на чиновникот) да го зауздаат во објаснувањето.

Блокот малтер е од таванот на училиште во населбата Ахарнес и паднал во една од училниците за време на час додека била полна со деца.

Другите жители на Ахарнес присутни на седницата откако го смируваат комшијата, објаснуваат дека локалните власти комплетно ги игнорираат проблемите на жителите и дека ништо немаат решено.

 

18 март 2019 - 15:35