Во 2017 апелацискиот суд отфрла пресуда во кој двајца Перуанци се осудени за виновни за силување на Перуанка во Анкона.
Сето ова мина процедурално се додека пред некој ден не беа објавени детали од пресудата, меѓу кои пишува дека жртвата им била премногу грда на напаѓачите и дека била „премногу мажествена за да биде автентична жртва на силување“.
Апелацискиот суд како основа за својата пресуда навел и сведоштво на еден од обвинетите кој изјавил дека жената му била толку непривлечна што во својот мобилен ја имал запишано како „Викинг“.
Според адвокатот на жртвата, жената, која сега е вратена во Перу, во силувањето претрпела толкава повреда на гениталиите што морала да биде шиена.