Економски раст = неофашизам?

Во Загреб осамнал баш таков графит (без прашалникот) па уредникот на хрватски Форбс објаснува што е тука погрешно. Растот сам по себе не е ниту добар ниту лош. Секогаш лоша е само сиромаштијата.

Најслободните земји во ЕУ, Холандија и Данска, имаат изразено висок БДП по жител. Данска често и се истакнува како земја на најсреќните луѓе на светот, заклучок кој заради природата на темата (што е среќа?) може легитимно да се спори.

Од првите 10 земји со највисок БДП по жител (Луксембург, Швајцарија, Исланд, Макао, Норвешка, Ирска, Катар, Данска, САД, Сингапур) три земји никако не се вклопуваат во стандардите на современата демократија: Макао е издвоен дел од Кина, Катар е арапски емират со шеријатско правосудство, Сингапур е град- држава на југот на Малезија со уникатен политички модел кој нит може да се копира ниту пак треба да се тежнее кон него.

Но, ако таа скала на статистичко богатство се прилагоди на куповната моќ на граѓаните, редоследот е бааги различен - Катар, Макао, Луксембург, Сингапур, Ирска, Брунеи, Норвешка, Обединетите арапски емирати, Кувајт, Хонг- Конг, па дури потоа Швајцарија, САД, Сан Марино, Холандија.... среќната Данска е на дури 22 место. 

„Дали поголем БДП по жител укажува на поголем квалитет на живеење? Не. Тој податок претставува само мерка на растот на продуктивноста во некоја економија. Пореален показател на на општествената благосостојба се стапките на сиромаштија и нееднаквоста. Растот на економијата сугерира и раст на благосостојба, но тоа не мора да важи за секоја економија и секој пристап кон редистрибуцијата на приходите“, вели Виктор Вресник.

Тој дозволува авторот на графитот да мислел на сите оние големи корпорации од Германија, Англија или САД кои соработуваа со нацистичките и фашистички режими (Бос шиеја униформи за нацистите), но тој факт повеќе зборува за тогашните газди и раководства на тие корпорации отколку за природата на системот. Од друга страна, Вресник потсетува дека италијанските фашисти доаѓаат на власт со програма храна за сите, грижа за децата и немоќните, помош за семејствата, големи проекти на социјални градби, нови училишта, општо право на здравствена заштита.... Кој хуманист тоа не би го потпишал?, прашува Вресник иако сега е јасно како сето тоа заврши.

„Сам по себе растот не е ни добар ни лош. Прашањето е дали таквиот раст им користи на мнозинството луѓе или само на мал број повластени. Од друга страна, падот на вредноста на економијата не е добар за никого, создава незадоволство и напнатости и води кон крах на еден општествен систем што често завршува во тоталитаризам,“ пишува хрватскиот економски аналитичар.

20 март 2019 - 09:55