Токајев со ова сака да му оддаде благодарност на својот претходник за сè што има направено во неговиот мандат кој започна на 24 март 1990.
Задачата на Токајев е да го истера мандатот на Назарбајев до претседателските избори во земјата закажани за следната година. В.Д. претседателот е дипломат од кариера, а претходно беше претседател на казахстанскиот сенат.
Астана во 1997 го замени Аламати како главен град на земјата, по што и тргна неговиот бум од мало провинциско гратче во футуристички град.
Името Астана на казахстански буквално значи „главен град“ и веќе долго време има најава дека тој некогаш ќе биде преименуван по лидерот кој е одговорен за неговиот напредок и раст. Ова нема да биде прво преименување на градот, кој до денот кога е прогласен за престолнина на Казахстан, го носеше името Акмола.