Макс 8 верзијата вклучува промени на системот за контрола на летови кој остро би го спуштил надолу носот на авионот доколку компјутерот почувствува дека e неизбежно губење сила за искачување. Системот (Maneuvering Characteristics Augmentation System, МЦАС) е додаден на Макс 8 затоа што оваа верзија има поголеми мотори кои се поставени понапред на леталото, па заради тоа има поголеми шанси да изгуби сила при пониски брзини отколку претходните верзии на 737. Според првичните извештаи од несреќата, кај летот на Лајон ер пилотите се бореле против системот пред авионот да се урне.
Ако до несреќаta американските пилоти добиваат Ајпад лекција од еден час, по неа обуката е со инструктор, а пилотите „барале, ако не и инсистирале, симулатори.“
Ова се потврдува и во соопштението на Американ Ерлајнс:
„Пилотите на Боинг 737-800 добија дополнителна обука за Макс 8, што вклучуваше 1-часовна лекција за некои од разликите. Дополнителна обука не беше неопходна бидејќи 737-800 и Макс 8 имаат иста сертификација.“
Њујорк тајмс пишува дека пилотите на Јунајтед ерлјанс составиле водич од 13 страни за 737 Макс, во кој не се споменува МЦАС.
Затоа што американските власти за цивилно воздухопловство (ФАА) ја водат 737 Макс 8 како варијанта на веќе сертификуваниот 737-800, тоа го ограничува задолжителното време на траење на обука за пилотите на Максот кои веќе се сертификувани за постариот модел. Ниту ФАА не го истакнуваат МЦАС како разлика во својата документација за споредбата меѓу 737 Макс 8 и 737-800.
Пилотите со кои разговара Кварц изјавуваат дека прв пат дознале за МЦАС по падот на Боингот на Лајон ер (првата несреќа), кога ФАА наредува надополнување на прирачниците за 737 Макс, а Боинг објавува информација во која авиокомпаниите се упатуваат да ја премостат процедурата. Американските пилоти тврдат дека се до приземјувањето на Максот, биле уверени околу својата способност безбедно да го слетаат авионот.
Американ ерлјанс објавија дека нарачале 737 Макс 8 симулатор кој треба да им пристигне во декември годинава, а Јунајтед својот го очекуваат на почетокот од 2020.