По двете авионски несреќи (во рок од неколку месеци) Боинг ги впрегна сите пари и политичко влијание што ги имаше на располагање за прво да ја заташка целата работа, па потоа да ја релативизира. И на крај само ги направи работите крајно полоши.
Најлесното објаснување на кое Боинг сака да се извади (откако мораше да признае дека не е до пилотите) е дека се работи за софтверска грешка. Иако најлесно и најпросто, тоа ни приближно не ја кажува комплетната приказна.
Обуката за Макс 8 верзијата на 737-цата, од која во две одделни несреќи загинаа речиси 350 луѓе и ги здроби акциите на Боинг, за американските пилоти се состоела од дополнителни 60 минути предавање.