Боинг 737 МАКС како школски пример како не треба да справуваш со криза

По двете авионски несреќи (во рок од неколку месеци) Боинг ги впрегна сите пари и политичко влијание што ги имаше на располагање за прво да ја заташка целата работа, па потоа да ја релативизира. И на крај само ги направи работите крајно полоши.

Стандардно прво за несреќите беа обвинети пилотите, за по неколку епизоди вината да падне директно на моделот 737 МАКС 8.

Како што продолжуваше истрагата така работите еволуираа на полошо за Боинг, па се откри дека моделот е направен и пуштен во циркулација „на брзање“, по што се дозна дека Боинг биле свесни за пропустите и „вродените дефекти“ на авионот.

Додека сето ова се случува, единствената стратегија на Боинг беше сè да негира. Во еден момент веќе немаше каде.

 

11 март 2020 - 15:22