Како од 200 долари мобилните стигнаа до 2.000 долари

Во времето кога беше клучно мобилниот да е што е можно помал цената на водечките модели беше околу 200 долари (таму каде што е важно), пред некој ден беше објавено дека првите смартфони на отворање ќе чинат од 2.000 долари па нагоре.

Првата генерација Ајфон кога излегува се продава за 499 долари, во 2016 нов Самсунг Галакси Ес7 чини 670 долари. Годинава почетна цена на Галакси Ес10 е 900 долари, а Ајфон од следната генерација веројатно нема ни да има цена која почнува под четири цифри.

„Најголем дел од вината за ова е што денес стана потешко да се продаваат телефони. Денес далеку повеќе луѓе имаат смартфон во споредба со пред неколку години, и луѓето подолго ги чуваат своите телефони. Заради ова производителите имаат две опции доколку не сакаат да им се намали профитот: продавај повеќе телефони или продавај поскапи телефони. Очигледно, тие го имаат избрано второто,“ пишува Џејкоб Кастренакес во текстот за Верџ.

Да не биде дека производителите исклучиво работат на алчност, треба да се има предвид дека расте и цената за производство на телефоните, па ако трошоците за Ајфон 4 во 2010 се проценуваат на нешто под 190 долари; деловите во Ајфон ИксЕс Макс стигаат до 390 долари. Плус на ова може да се пресмета и инфлација.

 

19 март 2019 - 09:52