Чистата енергија не може да го испере Биткоин

Глобалната мрежа за копање биткоини троши струја колку цела Унгарија. Тоа станува растечки еко- проблем а обвноивливите извори на енергија не би можеле да ги решат проблемите кои ги предизвикува, и во потрошувачката на струја и во зголемувањето на електронскиот отпад.

Во својата последна студија, економистот Алекс Де Врис кој беше првиот кој посочи на енергетските предизвици на популарната крипто- валута прецизира некои проценки кои му ги потврдуваат првичните сомнежи.

Според неговите калкулации, една поединечна трансакција на биткоин троши меѓу 491 и 766 киловат/часови наспроти 0,4 киловати колку што се потребни за електронска трансакција во традиционалното банкарство. Понатаму, биткоин трансакција пушта во атмосферата меѓу 233 и 364 килограми јаглерод диоксид, што е неспоредливо со 0,4 грама за една трансакција со Виза картичка или 0,8 грама за Гугл пребарување. 

Дури и кога исклучиво би се користела енергија од обновливи извори, еко последиците од биткоин шемите нема да ги решат сите проблеми бидејќи тие продуцираат далеку повеќе електронски отпад (чипови кои си го одработиле своето и др) отколку стандардното банкарство. 

Некои сметаат дека проценките на Де Врис се непотребно драматизирани бидејќи 48% од глобалното копање се одвива во кинеската провинција Сичуан која има суфицит од хидро-енергија. Но Де Врис вели дека без разлика на тоа, биткоинот ја зголемува побарувачката и оптоварувањето на мрежата а во производството на струја во Сичуан има големи разлики меѓу дождливиот и сушниот период, бидејќи во вториов и таму се користи јаглен за исполнување на производствените цели.

*****

Види и:

За биткоинот: Секоја генерација има свој ТАТ

Биткоин, што и како, објаснето колку што е можно поразбирливо

15 март 2019 - 10:42