Вести

И неа ли сега да ја мислиме?

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Што би правеле мигранти во англиско село ако нема бордел?

Поранешната конзервативна пратеничка Едвина Кари го сврте вниманието на британската јавност со нејзините коментари и предлози во врска со најавата дека во едно рурално место во Англија ќе бидат сместени преку илјада млади машки баратели на азил. Сосема сериозно Кари предложи да им се понуди и јавна куќа, и за нивно и за општо добро на околината.

Речник

Хју Хефнер со години џабе го кажувал Епстин на ФБИ

Основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, во неколку наврати го известувал ФБИ за Џефри Епстин и пријавувал дека една од убавиците од неговиот магазин бил сексуално злоупотребувана и тргувана од страна на контроверзно починатиот финансиер. Федералното истражно биро успеало да ги игнорира ваквите предупредувања на Хефнер за Епстин цели 15 години. 

Вештачката интелигенција ќе ја уништи економијата

Во трудот „Стапицата на отпуштањата заради вештачката ибнтелигенција“, двајца американски истражувачи математички моделираа како брзата автоматизација со помош на вештачката интелигенција води кон кон економски колапс. Секоја компанија со најрационални мотиви ќе влезе во ВИ трката зашто ако таа не влезе, другите ќе влезат и ќе ја уништат. Но кога сите ќе се фатат за тоа оро - проблем.

Премостување на сообраќајниот хаос

Сообраќајниот хаос во пренаселените индиски градови се чини нерешлив проблем. Улиците не можат да се прошируваат а да не настане хаос, да се копа метро е бавно, скапо и дополнително ќе ја влоши ситуацијата додека „работите се во тек“. Им текнало да го решат проблемот како што отприлика го решава Спајдермен.   

Зошто Ворен Бафет мисли дека на весниците им нема спас

Еден од најбогатите луѓе на светот и инвестициски пророк, во интервју изјави дека весниците бројат ситно и дека со време треба да се поздравиме со печатениот медиум бидејќи таму нема назад.

8 милиони евра казна за компанијата што ги блокираше донациите за Викиликс

Казната се однесува на 2010, кога Викиликс ги вадат документите што Челси Менинг ги краде од американската армија, по што сите поврзани со проектот си накалемуваат еден куп проблеми, меѓу кои беше и глобална блокада на сите донации за Викиликс (инаку главен извор на средства за платформата).

Јемен е доказ дека во очите на Западот не сите Нотрдами се создадени еднакви

Пред некое време целиот свет во живо следеше како се урива дел од францускиот национален идентитет и меѓународниот симбол за Париз. Глетка која со право предизвика сожалување кај светската јавност. По некое време, истата оваа јавност се сврте околу себе.

65 години откако Вили Нелсон го испуши својот прв џоинт

Пред Снуп и Вуди Харелсон беше Вили. Многу пред нив. Вика дека тревата го има спасено и неговиот живот и животот на многумина кои би му дошло да ги убие ако продолжел со алкохол.  Напафкан од сабајле до вечер („Јас бар чекам 10 минути откако ќе се разбудам“, признава Кит Ричардс), Вили Нелсон денес има 85 години, создава музика, снима албуми и настапува околу 100 пати годишно. И во неговата компанија за производи од канабис ја има најјаката функција која можете да ја замислите.

Ротшилд чистат шпајз

Кралски наследства, од мебел до уметнички дела, што некогаш им припаѓале на европските монархии, а кои којзнае колку децении дремеле во сефовите на семејството Ротшилд во јули ќе бидат дадени на аукција.

Пепси се тужи со земјоделци за компири

Мултинационалната корпорација со целата своја сила се истури на група индиски земјоделци затоа што сами без дозвола саделе компир кој исклучиво е наменет за еден од чипсовите што ги произведува компанијата.

Детство не треба да се мине пред екран

Светските здравствени авторитети заземаа цврста линија во поглед на тоа колку време треба да им се дозволува на деца да минуваат заковани за екраните на смарфони и таблети. До 4 години, максимум саат време дневно.

Папата, пред да дојде во Македонија: Не оговарајте

Франциско комотно можеше таа порака да ја сочува за македонската публика но ја искористи за неговата публика од бербери, фризери и стилисти. Да не потпаѓаат под искушенијата на озборувањето.

На Џони Ротен му се случува Anarchy In L.A.

Панк иконата тешко се справува со анархијата која владее во Лос Анџелес и кризата со бездомници кои ги зафаќаат и богатите делови на градот.  „Не се заебавајте, јас се одрав од работа да си купам ваква куќа“, вели фронтменот на Секс Пистолс кому клошари почнаа да му дигаат шатори пред врата.

Попис на лоши џандари

USA TODAY ископа и објави имиња и досиеја на 85.000 полицајци кои ја злоупотребувале значката па тепале луѓе, дилале дрога, малтретирале по дома, возеле пијани. А ги има околу 750.000.

НСА ќе престанува со прислушување на телефоните на Американците

Мерката воведена пред речиси две децении веќе не им врши работа на американските разузнавачи, посебно откако сфатија дека телефон за зборување денес користат само тетки, анкетари и наплатувачи на кредити.

Ако на Инстаграм старлети не верувате, на кого ќе верувате?

Во време кога Инстаграм „инфлуенсери“ фотошопираат сè од своите одмори и општо животот, до своето тело, една 19-годишна моделка повика професионална помош за да ја докаже автентичноста на својот заштитен знак - задникот.

И вие да си дочекате толкава фактура за данок

Пред некој ден во САД се пријави добитникот на џекпотот од 768 милиони долари. Човекот е од Висконсин, има 24 години и сега ќе треба да плати данок.

Треба враќање на менувачот, а не бркање автономни коли

Технологијата што требаше да нè спаси од дистракции како менување брзини или гледање ретровизор, на крај заврши со создавање далеку помалку внимателни возачи, кои сега само имаат повеќе време да го користат смартфонот додека се зад волан.

Германски парламентарци повикаа на заштита на христијаните

Проценувајќи дека прогонот на христијаните низ светот е во постојан раст, парламентарци од неколку германски политички партии побараа нивна посилна заштита низ светот.

Кинески кошмар за млади наследници

Сопственикот на најголемата агенција за недвижности во Хонгконг, Винг-Чинг Ши, има 400 милиони долари и еден син наследник. Е излезе дека овој едниот син нема ништо да наследи од тие 400-те милиони.

Мексиканска војска разоружила и испрашувала американски војници на американска територија

Инцидентот потврден од Пентагон се случил пред десетина дена кога мексикански војници се дале во извидничка мисија на американска територија во близина на јужната граница на САД.

Нема тебе, нема мене, јој

Од вкупно 257 поголеми населени места во Бугарија, во дури 229 места населението лани било помалубројно отколку претходната година. Имаат шест места кои по навика, нагалено ги викаат градови а се со помалку од 1.000 жители. Добро, барем на тие заедничките славења нема да се буткаме.

Фармацијата си лечи рани со милионски облоги

Првата голема американска фармацевтска компанија обвинета за преплавување на пазарот со опоиди се откажа од судското докажување на својата невиност. Ќе платат 20 милиони долари за да не одат во затвор и под катанец. Оптимистите очекуваат домино - ефект.

Холандија како Ноевата арка на педофилски содржини

Речиси половина од сите фотографии со сексуална злоупотреба на деца што минатата година биле пријавени во Интернет воч фондацијата доаѓаат од сервери во Холандија.

Кувајтски лек за хомосексуалност, со драгичка

За лекот:„Тој е чиста наука и нема тука срамење“, вели изумителот, инаку докторка. За драгичката: се работи за чепчиња.

Епл секој месец го позлатува Амазон

Меѓу облакот на Гугл и облакот на Амазон, Епл се одлучи на повеќегодишно користење на сервисот на овие вториве, и моментално е еден од нивните најголеми клиенти, со најголема месечна фактура.

Дутерте до Канада: Земете си го ѓубрето или војна

Филипинскиот претседател Ропдриго Дутерте се закани дека ќе ѝ објави војна на Канада доколку во најскоро време не си го собере ѓубрето кое една канадска компанија најџукелски им го истури пред 6 години.

Филип Морис, животно осигурување за непушачи

Симболот на тобако индустријата, Филип Морис, продолжува со стратегијата да станат главна опозиција на самите себе (подобро сам да си направиш опозиција отколку таа неконтролирано да се создава, што „службите“ многу добро го знаат). Сега влегуваат во бизнисот со животно осигурување и нудат попуст на оние кои се откажале од (ординари) пушење.