Шестмина мексикански војници застанале и испрашувале двајца припадници на американската армија кои во необележано службено возило биле во патрола на границата со Мексико. Американските војници биле дел од засилувањето што Трамп го испрати на границата со Мексико.
Мексиканските војници вооружени со Зиукоатл ФХ-05 (автоматска пушка од мексиканско производство) го опколиле возилото и ги разоружиле Американците. Според извори на Си-ен-ен, американските војници го предале оружјето „во обид да де-ескалираат потенцијално насилна ситуација“.
По кратка дискусија меѓу војниците од двете држави, Мексиканците се качиле во своите возила и заминале од местото. Настанот се случил на американска територија на 15-на метри северно од Рио Гранде.
Според официјалното објаснување на американските власти, Мексиканците верувале дека дејствуваат на своја територија. Претходно мексиканското министерство за надворешни работи во повеќе наврати се жали и „изразува длабока загриженост“ околу американските народни милиции кои патролираат на самата граница.