- На мигрантите во Грција на кои ќе им биде одбиено барањето за азил ќе им бидат ставени електронски алки на глуждовите, заради побрза депортација, најави владата.
- Министерот за миграција Танос Плеврис објави дека оваа мерка ќе почне да се спроведува до крајот на годинава, согласно реформите за криминализација на непридржувањето на одлуките за депортација.
- Електронското надгледување ќе биде спроведено во периодот од 30 дена што мигрантите го имаат за да обжалат одлука за депортација.
- Мерките опфаќаат и задолжителни затворски казни за оние што ќе одбијат налог за депортација, но и стимулација од 2.000 евра за оние што ќе го почитуваат.
- Грција летово е на удар на масовен бран нелегални мигранти што со бротчиња доаѓаа од Либија на островот Крит. Само во првите десет дена од јули биле приведени повеќе од 7.000 нелегални мигранти, претежно млади мажи. Во обид да ги одврати мигрантите владата на Кирјакос Мицотакис реши за три месеци да ги суспендира процесите за давање азил.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.