„Јас сум како канаринец во рудник“, вика легендарниот американски кантри музичар алудирајќи на некогашната пракса во окната прво да се пуштаат канаринци за да се провери дали е безбедно - ако канаринците внатре продолжат да пејат значи дека нема отровни гасови и можат да влезат и луѓе. „Ако почнам да се тресам, не ми давајте веќе, ама, сè додека сум ок....“
Не малку е горд што доживеа да се потврди она што тој цел живот го знаел - дека марихуаната не е дрога која убива туку иљач.
Првпат пробал во 1964 година, со многу страв. Под влијание на официјалната пропаганда мислел дека од димот може да полуди и да му дојде да убива недолжни луѓе. Ништо од тоа не се случило. Тие години бил на Џек Даниелс па почнал паралелно со двете работи па долго време не бил сигурен кога е пијан а кога надуван.
Од 1978 година марихуаната е негов единствен порок бидејќи го откажува тврдиот алкохол и цигарите. Ги откажува и заради пневмонија и затоа што алкохолот почнал да го вади лошото од него и затоа што двете работи секогаш одат заедно. „Кога пијам виски, ми се пуши цигара, кога пушам цигара, ми се пие виски“, вели Нелсон. “Пиев многу. И во некое време почнуваш со лоши мисли. Пиеш и работите ти изгледаат срање. Пиеш уште за да не бидат срање, ама стануваат уште поголемо срање“.
А во животот има експериментирано, не многу страсно, и со ЛСД, бензедрин и сè друго. Халуциногените не ги сака бидејќи не му даваат да мисли.
„Не дека пуши по еден тон дневно,“ вели неговата жена која неодамна му купила ексклузивна верзија на бонг со кој може да потегне грст трава во еден здив. „Сабајле ќе пафне неколку пати па по неколку часа ќе посака чоколатце.“
Чоколатцето, се разбира, со канабис. Исто и кафето кое го пие а кое е инфузирано со канабис. Сето тоа се производи од „велнес линијата“ на неговата сериозно профитабилна компанија „Резервите на Вили“, која продава во шест американски држави.
Иако не постојат многу луѓе на светот кои имаат испушено повеќе од него, самиот не се смета за некој голем и префинет сладокусец. Некои од најдобрите парчиња му ги имаат дадено фанови или му ги имаат фрлено на сцена додека настапува.
„Тревата е како секс. Секогаш е добра, некогаш е одлична“, поентира стариот кој некoлкупати бил апсен за поседување марихуана. Јавниот обвинител еднаш предложил за казна, во судница да ја испее „Blue Eyes Crying in the Rain”.
Една од скорешните песни му се вика “Delete and Fast-Forward” што му е една од најчесто спомнуваните фрази. Тоа значи да простиш, да заборавиш и да продолжиш, како рецепт за минување низ заебаните периоди во животот. Тревата му помага и во бришењето и во продолжувањето напред.
„Не остануваш предолго со срањето. Краткотрајните нуспојави веројатно се точни но и тоа веројатно е добро за човек“.
Ролинг Стоун: Кои краткотрајни нуспојави?
Нелсон: Викаат дека луѓето кои пушат трева имаат кратка меморија. Ама можеби баш тоа е добро, што го знаеш.
Ролинг Стоун: Зошто?
Нелсон: Зошто ќе почнеш да паметиш многу лоши работи кои и не мора да ги запаметиш. И ете го човек пак назад кај вискито.
РС: Значи тревата ти помагаш да заборавиш на работите за кои не сакаш да мислиш.
Нелсон: Да. А не можеш ништо да направиш со работите кои веќе се случиле, џабе да ги мислиш.
РС: Има ли сепак работи кои сакаш да ги имаш запамтено ама си ги заборавил затоа што си бил надуван?
Нелсон: Веројатно има, ама ги имам заборавено.
За неговата корпоративна функција: во компанијата „Резервите на Вили“, Вили Нелсон е CTO - Chief Tasting Officer.