
Осигурителната гранка им се вика Ревити, ја покренаа во Британија и планираат да ја шират по светот. Пушачите ќе добиваат попуст ако престанат, се откажат или се префрлат на помалку штетни алтернативи, како што е, на пример, нивниот IQOS (види: Кај што има дим, има и дивиденда)
Луѓето кои ќе се префрлат на е-цигари, во просек ќе добијат 2,5% попуст на премиите, но затоа за оние кои три месеци ќе се префрлат на IQOS, попустот ќе бидат за 25% поевтини. Година дена на IQOS носи попуст од 50%.
„Овој потег е добар и за јавното здравје и за акционерите на Филип Морис. Бидејќи овие продукти не се цигари, акционерите имаат финансиски бенефити заради помалите даноци и акцизни давачки, така што мислиме дека правецот во кој сме тргнати е вин-вин. Што побргу се тргнеме од цигарите, толку подобро за сите нас,“ вели ЦЕО-то на Филип Морис, Андре Каланѕопулос.
Ете, такво време дојде.
**********