Светската здравствена организација издаде нови, прилично стриктни упатства за еден од најголемите извори на анксиозност во семејниот живот на 21-от век: колку време родителите треба да им дозволуваат на своите деца да гледаат видеа и да играат игрици заради забава, образовни влијанија или едноставно пополнување на времето.
Според СЗО, одговорот е николку, во првата година. Многу ретко во втората година а до 4 години не повеќе од еден час дневно зјапање во екран.
Оваа епидемија е релативно нова па науката допрва треба да даде одговори како и колку сето ова влијае врз младите мозоци и нивниот развој. Непрофитната Комонсенс проценува дека 85% од семејствата со деца под 8 години имаат смартфони а 42% од тие мали веќе имаат свој таблет.
Експертите потсетуваат дека едни од најважните когнитивни задачи на детството се усвојувањето на јазикот и развивање на социјални вештини кои обично се случуваат во реални ситуации, со интеракција со родителите и други луѓе.
Од друга страна, некои сметаат дека стриктните правила веќе не успеваат да корегираат родителствувања туку се извор на фрустрации и само го зголемуваат јазот меѓу она што го препорачуваат експертите и она што го носи реалноста.
Навидум банални сетинзи на некои популарни интернет платформи знаат сериозно да влијаат врз создавањето навика да се гледа без престан: еден од најпроблематичните е ауто-плеј-от на Јутјуб.