Бугарија (и Македонија):

Нема тебе, нема мене, јој

Од вкупно 257 поголеми населени места во Бугарија, во дури 229 места населението лани било помалубројно отколку претходната година. Имаат шест места кои по навика, нагалено ги викаат градови а се со помалку од 1.000 жители. Добро, барем на тие заедничките славења нема да се буткаме.

Само шест општински центри имаат повеќе население од порано: Софија, Пловдив, Велико Трново, Крџали и од пред некое време, Трговиште (чиј човечки капитал пораснал за 7 лица).

Најмногу набабрила Софија која има 3,237 луѓе повеќе од претходната година, втор е Пловдив и таканатаму. Демографски пораст имаат само 28 од 229 места.

Шесте града со помалку од илјадарка се Мелник, Брусарци, Китен, Клисура, Маѓарово и Плиска. Браво за Маѓарово, кој успеал лани на своето конто да додаде 13 жители. 

Најголем одлив има малото Русе кое само за една година останало покусо за 1223 свои жители.

Животиште.

******

Види и:

Кога името не е важно

Родителите на оние кои заминале не треба да имаат пензии и здравство

 

24 април 2019 - 15:34