Ајклауд на Епл се потпира на АВС на Амазон (Amazon Web Services, облак системот) за што плаќа сметка од 30 милиони долари месечно. Моментално во употреба се над 1 милијарда Епл производи, и секој од нив, со различен капацитет, го користи ајклаудот, што бара сериозни бројки во процесорска моќ и хард-дискови.
Како што цената што Епл им ја плаќа на Амазон за облакот почнува да расте, годинава е 10% повисока во однос на лани, така и компанијата почнуваат да ја фаќаат сметководствени нервози. Во таков развој, Епл објави дека планира да потроши 10 милијарди долари на дата центри низ САД во рок од 5 години, од кои 4,5 милијарди би требало да бидат потрошени во 2019.
Во февруари годинава Епл објави оглас за вработување за човек кој ќе го „води и оформи нашиот растечки АВС отисок“.
Во 2018, од 25,6 милијарди долари приходи на АВС, над 350 милиони беа од Епл. Со оваа стапка, Епл има поголема сметка на АВС отколку компании како Адоуб, Лифт и Пинтерест.