Чистката ќе се прави преку аукциската куќа Кристис и ќе се случи на 4-ти јули во Лондон. Тие веќе имаат резервирано 57 слотови за аукција, а очекувањата се дека од продажбата ќе се соберат некаде околу 11,5 милиони евра.
Пример за тоа што ќе биде понудено е горната слика, на која има пар креденци со позлатено дрво, изработени во 1713 за кралот Филип 5-ти од Шпанија. Тие се очекува да се продадат за некаде меѓу 1,7 и 2,9 милиони евра.
Или масичката за пишување изработена за Марија Антоанета некаде околу 1780-та од омилениот столар на француската кралица, Жан-Анри Ризенер, која се очекува да биде продадена за 1,1 милион евра.
Меѓу останатите предмети на продажба ќе бидат уметнички слики и сончев часовник направен за Луј XV.
Ротшилд ретко продаваат примероци од својата колекција. Последен пат ова беше во 2015, кога пар портрети од Рембрант им беа продадени на владите на Франција и Холандија, по цена од 160 милиони евра.
Од Кристис одбиваат да објават кои членови на семејството Ротшилд ги дале предметите за аукцијата во јули.