Со помош на 100-тина партнерски редакции од целата земја, американскиот медиум го води проектот за јавно објавување на досиејата на чувари на законот кои се нашле под истрага за разни кршења на законот. Материјалите кои ги собирале цела година од државни агенции, обвинителства, полициски станици и шерифски уреди, евидентираат 200.000 поединечни инциденти, од кои повеќето досега не биле процесирани.
Добар дел се банални прекршувања на процедурите за работа но има и сериозни дела: 22.924 случаи за прибегнување кон прекумерна сила, 3.145 обвинувања за силувања, 2.307 случаи на домашно насилство. Има и илјадници случаи на опструирање на истрагата, фалсфикување извештаи, криења докази и друго.
Околу 2.500 полицајци имале над 10 дисциплински пријави а 20 од нив насобрале и преку сто пријави против себе па сепак успевале со години да ја задржат полициската значка.
Се проценува дека вкупно 750.000 чувари на законот, по некоја основа се имаат огрешено од него.