Американските органи на прогонот долго време се обидуваа да ја скротат епидемијата на зависност од легални опоиди бркајќи картели и улични дилери на лекови како што се фентанил и оксиконтин. Сега за првпат тргнаа кон изворот на проблемот, подигнувајќи ги истите обвиненија против голема фармацевтска куќа.
Компанијата Рочестер и двајца нејзини поранешни топ менаџери се обвинети дека ги игнорирале црвените светла и намерно дистрибуирале огромни количини лекови, иако знаеле дека некои нивни клиенти тоа го пуштаат на пазарот на илегални начини.
Компанијата решпи да се извади од судска завршница со договор со властите по кој треба да плати 20 милиони долари отштета и во следните 5 години да биде блиску мониторирана од надлежни органи. Дел од договорот бил и да признаат дека намерно ги прекршувале федералните закони, што може да биде основа за некои други тужби против други компании.
Се работи за шестиот по големина фармацевтски дистрибутер во САД. Еден од обвинетите екс директори на фирмата e 75 годишниот Лоренс Дод кој за 4 години деветкратно ја дигнал продажбата на оксиконтинот: од 4,7 милиони на 42,2 милиони. Скокот кај фентанилот му бил уште поголем: од 63.000 дози на 1,3 милиони дози.
Бонусот, во милионска сума, се разбира, му бил врзан со резултатите од продажбата.