Папата, пред да дојде во Македонија: Не оговарајте

Франциско комотно можеше таа порака да ја сочува за македонската публика но ја искористи за неговата публика од бербери, фризери и стилисти. Да не потпаѓаат под искушенијата на озборувањето.

„Вршете ја својата професија во христијански стил, третирајте ги муштериите со добрина и љубезност, понудете им добар збор и охрабрување и гледајте да не западнете во искушението на водење празни муабети кои лесно се поврзуваат со вашиот занает“.

Ова на група од 230 бербери и стилисти им го порачал поглаварот на римокатоличката црква. Бјути-аџииите биле дојдени во Ватикан по повод денот на нивниот светец заштитник, Мартино де Порес (1579-1639), кој беше канонизиран во 1996 година од страна на папата Павле Шести.

Берберот и хирург беше прогласен за светец заради неговите наводни чудесии со левитирањето, бивањето на две различни места во исто време, чудотворните излекувања и комуницирањето со животни. Порес истовремено е патрон и на луѓето од мешани раси.

Слично како Порес чија работа била да сече коса, да ампутира и да пушта крв, „секој од вас, во вашата професионална работа, секогаш може да делува праведно и позитивно да придонесува за општо добро на општеството,“ им рекол Франциско на берберите кои му биле дојдени на гости во Ватикан.

29 април 2019 - 21:54