Како што на 19-годишната Дејзи Кич веќе и се мачи да одговара на прозивки на Инстаграм дека газот што го презентира на сликите е фејк, таа решава да ангажира доктор кој ќе покаже дека е оригинал, ремек-дело на природата.
За ваквото исправање на историските неправди таа го ангажира „реномиранот“ пластичен хирург, др. Ашкан Гавани. Хирургот од Беверли хилс, во видео прво го објаснува профилот на задникот на својот клиент, потврдувајќи дека станува збор за оригинален примерок, недопрен од скалпел или шприц.
Неговото објаснување е дека Кич прво е млада (нели 19 години), и второ никогаш до сега нема раѓано деца (нели 19 години), па по ова тој почнува со технични детали:
„Нејзиниот задник е многу тврд... има добар волумен. Не гледам никакви промени на кожата што значи дека нема ништо вештачки инјекитрано. Не гледам ни мали засеци кои би значеле пресадување масти.“
Да не биде дека е само на природа, хирургот дополнува дека примерокот што е пред него дополнително е одржуван и унапредуван од вежби, добра исхрана и работа со тежини.