Вести

Враќање на Гестапо

Германија ја урива бариерата меѓу полицијата и тајните служби, поставена после ерата на Хитлер. Германскиот кабинет одобри пакет нацрт-закони од 700 страници со кои масовно се прошируваат овластувањата на нејзините домашни и странски разузнавачки агенции. „Ги претвораме нашите разузнавачки служби во вистински тајни служби“, гордо рече за реформата сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Речник

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Ќе има ли спреј против коронавирус?

Не сите се во трка по вакцина за коронавирус. Некои веруваат дека можат да дојдат до ефикасен спреј за нос кој би ја сосекувал заразата уште на старт. Првите резултати им се охрабрувачки.

Дипфејк Путин го кажа своето

„Америка, ме обвинувате за мешање во вашата демократија, но јас не морам да го правам тоа, вие го правите тоа за мене,“ е текстот што е одбран за Путин во предупредувачкото дипфејк видео чија порака е дека странските сили немаат потреба да се мешаат во изборите на земјата, бидејќи самите Американци ќе ја уништат сопствената демократија.

ЕУ не е створена за да биде лидер

Немање армија и 27 ветоа го отежнува носењето одлуки, а не па да го спроведеш тоа што си го донел.

Смртта не е крај на победите

Градоначалник во Романија победи на изборите три недели откако почина од ковид-19. Немало време да го тргнат неговото име од изборните ливчиња а ете, народ го сака, жив или мртов. Замислете со колку ниска самодоверба ќе стартува неговиот (жив) наследник.

Фастинг во празно

Испостувањето, не верско, туку она за дебели, кое периодов се шири бетер од пандемија благодарејќи на неодоливите ветувања (јадеш што и колку сакаш, ама само хх часови во денот), излезе дека и не им врши многу работа баш на дебелите.

750 долари данок годишно и уште 4 други извадоци од експозето за даночните пријави на Трамп

Не само што платил помалку данок од најголемиот дел богаташи во САД, туку платил помалку и од добар дел сиромашни Американци, пишува Њујорк тајмс во текстот во кој за прв пат во историјата се објавуваат даночните пријави на Доналд Трамп.

Трамп ја истера нормализацијата меѓу Србија и Косово само за Израел

Договорот не е „историски напредок“ туку само уште еден нож во грбот на палестинскиот народ, се оценува во текстот на Ал Џезира.

Градот кој дојде до имунитет на стадото

Што ќе се случи во еден град ако на коронавирусот му се дозволи да прави што сака? Тоа му се случи на Манаус, главниот град на Амазонија, и сега тоа се разгледува како случај кој дава увид во тоа како би изгледало најлошото сценарио.

Можеме ли да тераме по шведски?

Една од најголемите предности што Шведска ја имаше кога влезе во својата битка со ковид-19 е што земјата е полна со Швеѓани, па стратегијата многу повеќе им се базираше на доброволна согласност отколку на присила.

И Велс се пакува за заминување од Британија?

Невообичаено учтиво и не шокантно наспроти се што се случува денес, Велшаните повикаа на „прелиминарен референдум“ на кој ќе се разгледаат опциите за независност од Британија.

Вирусот е сè подобар против маските

Најголемата американска генетска студија на коронавирусот изведена во Хјустон покажува дека во вториот бран доминира мутација со многу потенцијално битни но една сигурно битна особина: дека тој сега полесно се шири. Тоа значи дека вирусот се снаоѓа со бариерите од типот носење маски и миење раце.

Се извини, ваистину се извини

Откако Јужна Кореја објави дека нивен функционер исчезнал и дека бил убиен од Северна Кореја а неговото тело запалено, господарот на Северот, Ким Џонг Ун, наспроти сите очекувања му се извинил на Сеул за инцидентот.

Гугл курс од 49 долари ќе биде замена за факултетска диплома

"При вработувањата кај нас, ќе ги признаваме овие сертификати како еквивалент на 4 годишно студирање," порачаа од Гугл а други компании сигурно ќе следат. Би прашале ние „Спиеш ли мирно, УКИМ,“ ама знаеме дека спие. Мирно.

Дали да ги апсиш, дали да ги жалиш

Виетнамската полиција заплени над 320.000 користени кондоми од луѓе кои во животот за егзистенција мораат да препродаваат користени кондоми.

Остана ли нешто злато?

Во време кога златото достигна историски рекордни цени (минатиот месец беше над 2.000 долари за унца) на луѓе почна да им текнува дека златото, на страна сите карактеристики што ги има, исто така е и ограничен ресурс кој еден ден ќе се потроши.

Икеа отвора Икеа на старо

Намерата на Икеа е да го намали количеството на отпад што го создава (а во меѓувреме и да заработи нешто), и за почеток тоа би требало да биде преку поправање и препродажба на свои стари производи.

Австрија на суд заради ширење ковид-19 низ Европа

Ишгл се поврзува со ширење на ковид-19 низ 45 држави во Европа откако зимоска илјадници луѓе се заразија додека беа во австрискиот зимски центар.

Русите го уапсија и Исус

Сергеј Тороп а.к.а. Висарион а.к.а. рускиот Исус е уапсен во акција на руските специјалци во една недојдија во Сибир.

Француските медиуми го поддржаа Шарли Ебдо во реобјавувањето на карикатурите на Мухамед

Сатиричниот весник реши одново да ги објави карикатурите кои доведоа до вооружен масакар на неговата редакција. Истите овие што тогаш масакрираа најавија дека и тие ќе го репризираат својот дел. Сега над 100 француски медиуми потпишаа отворено писмо за поддршка на Ебдо.

Л.А. има полиција, ама, како за кого

Близу илјада образовни кампуси во Лос Анџелес ќе останат без полициска заштита како резултат на кратењето на буџетите за обезбедување. Ама затоа, кога Алиса Милано, актерка и гласна активистка за дефинансирање на полицијата ќе пријави пукање (нормално, на полиција), во маало ќе се нацртаат куп полициски коли, чета службени кужиња, пожарна и хеликоптер.

И Фејсбук се заканува дека ќе ја напушти ЕУ

Откако европски регулатори нагазија на нивниот слободен трансфер на податоци меѓу серверите во ЕУ и САД, Фејсбук соопшти дека ќе биде невозможно да работи под тие услови и се закани дека е можно да ги исклучи сервисите на ФБ и Инстаграм за околу 400 милиони корисници во Европската Унија.

Борис Џонсон ја става Британија 6 месеци под нови рестрикции

Кој може да работи од дома, пабовите да затвораат во 10 часот, забрана за сите тимски спортови на затворено и дополнителни ограничувања на свадбите, се дел од новите мерки за борба против ковид-19 кои ги објави Борис Џонсон „во време кога Британија е пред опасна точка на пресврт“.

Само масовно тестирање не заврши многу работа во ЕУ

На почетокот од пандемијата еден од столбовите на глобалниот хаос беше немањето доволно тестови, па само најтешките случаи беа тестирани за ковид-19. Минатата недела само Британија спроведе околу 1,3 милиони тестови, што е 20 пати повеќе отколку од почетокот на април.

Трамп по итна постапка ќе именува нов врховен судија

Уште за изборите 2016 една од сериозните паники на Демократите беше дека следниот претседател ќе треба да пополни едно испразнето место на американскиот Врховен суд, а и судијката Рут Бадер Гинсбург дека не е добра со здравјето. Трамп го пополни празното место, во меѓувреме именуваше уште еден врховен судија и сега брза да го фати и местото што се ослободи по неодамнешната смрт на Гинсбург.