Првата и за сега единствена „секонд хенд“ Икеа ќе биде во шведскиот град Ескилстуна како дел од голем трговски центар за рециклирани или користени производи што допрва треба да се отвори, кој се наоѓа во близина на постојна Икеа продавница.
Икеа веќе долго време нуди вратени или оштетни производи по пониски цени во посебен оддел во нивните продавници, но сега се работи за сосема нова програма, во која производите ќе бидат користиени, поправени или нешто од старата залиха на компанијата.
Претходно компанијата најави дека ќе започне програма за изнајмување на својот мебел, наместо да мора да се купува. Идејата им е дека луѓе наместо да купуваат и фрлаат на секое реновирање, ќе може да го ротираат мебелот што го користеле.