
Специјалците од хеликоптери се истоваруваат во комуната со која управува Тороп, а освен него апсат и уште двајца негови помошници. Основата за апсењето на Тороп е „организирање на нелегална религиозна организација“, изнудување пари од следбениците и емоционално малтретирање на следбениците.
Тороп е поранешен сообраќаен полицаец кој во 1989 ја напушта советската полиција, тврдејќи дека доживеал просветлување во времето кога советскиот режим почнал да се распаѓа. Во 1991 тој основа движење кое денес е познато како Црквата на последниот завет.
Денес црквата има неколку илјади следбеници кои живеат во неколку населби во далечните делови на Сибир, и меѓу нив освен Руси има и луѓе од други држави.
Првично Тороп тврди дека Исус внимава на луѓето од орбитата на Земјата, за по некое време да се прогласи самиот себе за Исус.
Религијата што тој ја шири главно се базира на православие, со еколошки апдејти и уште некои правила. Сите верници се вегани а во рамките на комуната е забранета размена на пари. Следбениците носат едноставна облека и годините ги бројат почнувајќи од 1961, годината на раѓањето на Тороп, додека Божиќ е заменет со слава на 14 јануари, денот на неговото раѓање.
За сега не е јасно што ќе се случи со следбениците што останаа во населбите во Сибир.