
Во писмото испратено до Сеул, се наведува дека Ким „многу жали“ што го „разочарал“ јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кој пак на домашен терен моментално е под огромен притисок заради инцидентот.
Северна Кореја спровела сопствена истрага околу инцидентот која покажала дека војниците во близина на западната морска граница на земјата испукале 10 куршуми во Јужнокореецот.
Во писмото се наведува дека човекот упаднал во водите на Северот и дека војската делувала во согласност со правилата, дополнувајќи дека војниците не го запалиле телото туку чамецот што тој го користел.
„Војниците не можеа да го лоцираат неидентификуваното лице за време на потрагата откако беше пукано во него, и го запалија чамецот како дел од мерките за спречување на ширење на болести,“ се наведува во писмото од Северот.
Не извинување, туку самото прифаќање на вината за некој инцидент од страна на Северот е крајно ретка појава.