И Фејсбук се заканува дека ќе ја напушти ЕУ

Откако европски регулатори нагазија на нивниот слободен трансфер на податоци меѓу серверите во ЕУ и САД, Фејсбук соопшти дека ќе биде невозможно да работи под тие услови и се закани дека е можно да ги исклучи сервисите на ФБ и Инстаграм за околу 400 милиони корисници во Европската Унија.

Фејсбук се закани дека ќе ги спакува своите играчки и ќе се повлече од стариот континент ако не му биде дозволено да функционира нормално.

Конкретно, во судот во Даблин имаат поднесено жалба на прелиминарната одлука на ирската комисија за заштита на податоците да го прекинат трансферот на податоци преку Атлантскиот океан.

Комисијата стравува дека преносот на информации за европските корисници на серверите во САД оставаат простор за загриженост за нивно следење од американската влада.

„Не е јасно како во вакви услови ние можеме да продолжиме да работиме,“ пишува во жалбата на Фејсбук поради тоа што слободниот проток на информации меѓу нивните сервери е клучна алатка за клучниот приход на компанијата - таргетираното рекламирање.

Фејсбук потсетува дека европските компании кои ги користат нивните платформи имаат направено продажба од 208 милијарди долари.

23 септември 2020 - 09:59