Јон Алиман обезбеди трет мандат за градоначалник на Девеселу и тоа убедливо, освојувајќи 64% од гласовите. Мала техничка пречка ќе биде тоа што до скоро 56 годишниот Алиман почина пред три недели од компликации од коронавирус.
Надлежните велат дека изборните листови веќе биле испечатени кога тој почина во Букурешт на 15 септември. И дека ќе има нови избори.
Се чини дека неговата убедлива изборна победа не е резултат на задрти партиски гласачи туку на искрената почит кој ја имал кај тамошното население кое сега се собира пред неговиот гроб за да си ја честитаат заедничката победа
„Тој беше вистински градоначалник. Секогаш на страната на луѓето и на страната на законот. Не гледам како некогаш повторно ќе добиеме таков човек,“ вели еден негов гласач.
Алиман бил поранешен поморски офицер и член на Социјалдемократската партија. Неговата победа е една од ретките за таа партија на последните избори кои ги освоија централно-десничарската алијанса УСР-Плус и центристичко либералната ПНЛ која ја контролира малцинската влада на Романија.
Јон Алиман не ее првиот починат изборен победник во земјата. Пред 12 години, извесен Некулаи Иваску бил реизбран за градоначалник на Воинести, иако бил починат од компликации на црниот дроб. Тогаш по автоматизам градоначалничката позиција му била дадена на второпласираниот кандидат што наишло на критики од победничката партија.