Ќе има ли спреј против коронавирус?

Не сите се во трка по вакцина за коронавирус. Некои веруваат дека можат да дојдат до ефикасен спреј за нос кој би ја сосекувал заразата уште на старт. Првите резултати им се охрабрувачки.

Објавени се прелиминарни резултати на еден проект во зародиш во кој се работи на соединение кое би успевало уште во носните шуплини да активира имун одговор на коронавирусот.

Додека умуно-реакцијата предизвикана од вакцина подразбира генерација на анти-тела и Т-клетки наштимани на битка со конкретен патоген, вродената имунолошка одбрана реагира на широк спектар на микроби. 

„Ова би делувало како одбранбен штит со широк спектар и неселективно дејствување,“ објаснува професор Роберто Солари од Империјалниот колеџ во Лондон.

Со активирање на постоечкиот имуно систем, супстанцата наречена INNA-051 би покренала низа процеси, вклучително и испуштање на сигнализирачките протеини наречени цитокини кои го стимулираат механизмот кој го спречува вирусот да се реплицира во клетката. 

Тестирале на ласици кои се важни животински модели за ковид-19. Пет дена после вбризгувањето на две дози од супстанцата во заразени животинки, количината на виралната РНК - што е генетскиот материјал на вирусот - во нивните грла бил редуциран за 96% во однос на оние кои добиле плацебо.

29 септември 2020 - 21:05