Шарли Ебдо на почетокот од септември ги реобјави карикатурите на пророкот Мухамед, во исто време со почетокот на судењето на осомничените за нападот на канцелариите на весникот. Изданието целосно се распродаде во Франција, но во исто време предизвика осуда од неколку муслимански земји, и закани од припадници на Ал-Каеда дека ќе го повторат маскарот од 2015.
На насловната страна на новото издание, Шарли Ебдо објави отворено писмо во кое ги осудува „новите тоталитарни идеологии, кои некогаш тврдат дека се инспирирани од религиозни текстови“.
„Непријателите на слободата мора да разберат дека ние сите, заедно, сме нивни непоколебливи противници, без обѕир на нашите разлики во мислењата или верувањата,“ се порачува во писмото.
На 7 јануари 2015 беа убиени 12 вработени на Шарли Ебдо.
Писмото за поддршка на Шарли Ебдо е потпишано од сите големи француски весници, магазини и телевизии, и сите тие и ќе го реобјават.