Австрија на суд заради ширење ковид-19 низ Европа

Ишгл се поврзува со ширење на ковид-19 низ 45 држави во Европа откако зимоска илјадници луѓе се заразија додека беа во австрискиот зимски центар.

Иако првиот случај во Ишгл е пријавен на 7 март, според австриската агенција за јавно здравје поверојатно е дека имало случаи уште не 5 февруари.

Државата е дадена на суд од австриска организација за права на потрошувачите, ВСВ, која за четири случаи бара отштета од 100.000 евра.

Истата оваа група за следната година најави и групна тужба во името на илјадници луѓе.

Од ВСВ објаснуваат дека овие 4 случаи се тест, и дека над 6.000 луѓе од најразлични држави се пријавиле за потенцијална групна тужба за следната година.

Додека австриските власти и понатаму се на став дека реагирале во согласност со информациите што ги имале во тоа време, ВСВ тврди дека локалните и државните власти знаеле за масовното ширење на вирусот и премногу бавно одговориле на истото.

„На 25 февруари властите затвориле хотел во Инсбрук затоа што еден од вработените бил позитивен на тест на за ковид-19, и тоа значи дека властите веднаш реагирале кога дознале за случајот во Инсбрук.

Меѓутоа тие не реагирале на подоцнежните случаи, иако има докази дека австриските власти биле информирани за случаи во Ишгл и други ски ресорти уште на 3, 4 и 5 март.

Група туристи од Исланд биле позитивни на тестот на ковид и владата на Исланд за ова ја информирала австриската влада уште на 5 март,“ изјавил адвокатот на ВСВ.

Ишгл затвори и беше ставен под карантин на 13 март. На странските туристи тогаш им беше дозволено да си заминат, со што вирусот дополнително се прошири низ Европа.

23 септември 2020 - 14:57