Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Кина не се заканува со климатски промени, ама се заканува со климатски промени

Лошите односи меѓу САД и Кина може да го поткопаат напредокот направен околу климатските промени, бидејќи работата на намалувањето на штетните гасови не може да се тера одделно од севкупниот однос меѓу двете држави, е пораката од кинескиот министер за надворешни работи.

Судска казна на денот: да се прочита нешто нормално

Млад човек кој се нашол на суд откако симнал импозантна екстремистичка литература, меѓудругото и за тоа како се прави бомба, добил препорака од судијата да проба некои поквалитетни четива.

Џо Роган закачил ковид

Го кутнало, се исправил со ивермектин и терапијата со анти-тела која ја примаше Трамп и најверојатно ќе нема дополнителни компликации. Не е сосема јасно дали бил вакциниран.

Цела Северна Кореја анти-ваксери

Северна Кореја одбила речиси 3 милиони вакцини против ковид-19, порачувајќи му на О.Н. да ги подели меѓу потешко погодените држави низ светот, заради страв од потенцијалните нус-појави од истите.

Толку многу години, толку многу ништо

„Чисти трагедии и загуби“ за Вашингтон и авганистанскиот народ е исходот на 20-годишната окупација на Авганистан, гласи процената на Путин за штотуку завршената војна.

Две децении американска војна против тероризмот, завршна сметка

Речиси 1 милион луѓе загинати и над 8 илјади милијарди долари потрошени е цехот од глобалната војна против тероризмот што САД ја започнаа пред 20 години.

Зошто шефови и менаџери нејќат работење од дома?

Ќе ви ја пренесеме ние содржината коректно и пристојно, но краткиот одговор на прашањето од насловот е: нејќат од дома бидејќи така помалку можат да им се чаталат на оние под нив а повеќе може да се види дека всушност ништо не работат.

87 пензионирани генерали побараа оставки од врвот на Пентагон

Министерот за одбрана, Лојд Остин, и командантот на Генералштабот на американската војска, Марк Мајли, треба да си поднесат оставка заради „катастрофалното“ повлекување од Авганистан, бараат речиси 90 пензионирани американски генерали и адмирали.

Зошто Катар негува блиски односи со талибанците?

Пред неколку дена американскиот претседател по телефон му се заблагодари на емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, за беспоштедната поддршка што ја даде за време на евакуацијата од Авганистан. И ова не е прв пат други држави да се заблагодаруваат на Катар за помош околу талибанците.

Огорчената мајка на загинатиот маринец суспендирана од Фејсбук

Мајка на еден од американските маринци кои беа убиени во Кабул, напиша огорчено писмо на адеса на претстедателот Бајден, сметајќи го за одговорeн за смртта на нејзиниот син и другите загинати. Писмото нè остана без одек и реакција: нејзините сметки на Фејсбук и Инстаграм се суспендирани. 

Дали Ајфон 13 е почеток на походот на Епл за уништување на телекомите?

Една од најинтересните гласини околу следниот Ајфон е дека фабрички ќе има можност за поврзување на сателитска врска и користење на истата за разговори и пораки, без никаква потреба од локален телеком оператор или мрежа.

Почнаа и деца да им земаат на невакцинирани

На онлајн сослушување околу старателство над заедничкото дете на двајца екс сопружници, судија решил да ја праша мајката дали е вакцинирана. Не била, заради медицински причини (имала лоши реакции на претходни вакцинирања). Судијата од окружниот суд во Чикаго веднаш ѝ ги одземал родителските права и таа нема дa може да го види 11 годишниот син додека не се вакцинира. Не ве ли трогнува како државата води сметка за вашите деца?

САД погрешно изиграа во Авганистан дури и со афионот

Освен што сега на повлекување им оставаат милијарди долари во опрема и оружје, Американците ѝ претходно им помогнаа на талибанците да имаат пари за да направат комплетен пресврт во земјата. Така што им ја збришаа конкуренцијата во производство на опиум.

Дали базата во Баграм беше пропуштената шанса на САД?

Една од критиките која е најчесто повторувана од војниците и старешините што служеле во Авганистан и од експертите специјализирани на тема војска и Авганистан, е зошто, кој и како одлучи да се напушти најбезбедната и најдобра локација за евакуирање на Американците од Авганистан - воздухопловната база во Баграм.

Епл го затрупа Тим Кук со пари

Заради верност, посебен успех во управувањето со Епл и кревање на вредноста на акциите, Епл му плати бонус на Тим Кук во вредност од 750.000.000 долари.

Од кого загинаа 170 Авганистанци на аеродромот во Кабул?

Официјалната верзија се уште е дека сите цивилни и воени жртви се должат исклучиво на експлозијата од терористичкиот напад на ИСИС-К. Меѓутоа Би-би-си прави едно интервју со очевидци кои имаат поинаква приказна.

Зошто на Калифорнија ѝ требаат кондоми за во женски затвори?

Калифорнија лани реши дека не постои биолошки пол и дека тоа треба да важи и за затворите, што значи дека биолошки мажи (по старовремски) можат да решат да ја отслужуваат казната во женски затвор. Нагрнале преку 300 од новосознаените „жени“. Ќе биде работата „и волкот сит и овците преку број“.

Што е ИСИС-К?

За прв пат од февруари 2020 во Авганистан загинаа американски војници, а последен пат толку загинати Американци во еден месец имало во 2014, и зад сето ова стои терористичката група под името ИСИС-К.

Ковид може да се фати и трипати

Досега знаевме за инфекции, па за реинфекции па дознавме и за тнр брејктру инфекции, тоест за оние кои закачиле ковид иако комплетно вакцинирани. Излезе првата студија за пациент кој трипати закачил ковид. Некои бре, женска не можат толку пати да фатат.

За СЗО воведувањето на трета доза од вакцината се уште нема издржаност

Податоците околу ефикасноста и безбедноста на засилувачот на вакцината за ковид-19 се уште не се доволно убедливи, објави директорот на СЗО, Гебрејесус.

Американците открија дека имаат мини-туристичка криза во Авганистан

Поголема група американски средношколци и нивните родители годинава решиле на одмор да одат во Авганистан, со истата безбедносна проценка како што ја имаше и врвот на САД, дека месецов ништо страшно нема да се случи. Сега и туристите се идентично изненадени како и американското раководство.

Родителите нема да прегорат, веќе се прегорени

Прво беше две недели. Кој не би сакал да мине две недели дома со децата? Две недели за да се намали кривата на заразени. Едноставно беше.

Локдаунот доаѓа по наплата

Веќе шеста седмица по ред, Велика Британија бележи смртност поголема од просекот, но најголем удел во тоа нема ковидот. Стручњаци велат дека една ипол година пореметено давање здравствени услуги, почнува да го наплаќа долгот.

Студија за чесност се повлекува заради нечесност

Науката секогаш со право е горда на вградената опција за саморегулација и можноста во секое време нешто да се корегира, поправи или комплетно отфрли. Само што за тоа некогаш за тоа требаат десетина години.