Податоците за дел од август на Уредот за национална статистика на Англија и Велс евидентираат 10.372 смртни случаи, што е 1.270 случаи, односно 14% повеќе од петгодишниот просек за тој период.
Од спомнатите 1.270 случаи „вишок“, на ковид можат да му се препишат само 544, додека останатите се должат на други болести и причини.
Податоците од здравствениот систем сугерираат значаен пораст на срцеви заболувања, дијабетес и цироза а стручњаци велат состојби кои во минатиот период заради пандемијата не биле адекватно третирани - што заради одложување на интервенции, што заради недоаѓање на пациенти на преглед- почнуваат да резултираат со смртни исходи.
Упатени луѓе велат дека можеби за дел од летото, високите стапки на смртност делумно се должеле и на претоплото време но бидејќи тоа веќе не е случај, очигледно е дека мора да се обрне внимание на тоа што сè било испуштено и пореметено за време на акутната ковид криза.