
Се работи за над 20 ученици и 16 родители од Калифорнија, што решиле да уплатат аранжман во Авганистан. До крајот на вчерашниот ден тие се уште не беа евакуирани од земјата, речиси две недели по падот на Кабул.
Тие во земјата влегуваат со специјални воени визи заради што Пентагон официјално ги смета како сојузници.
Претставниците на училишната област од долината Кахон, од каде доаѓа групата, изјавиле дека учениците и нивните родители планирале да се вратат пред почетокот на училишната година (17 август) и со време купиле билет за заминување од Авганистан меѓутоа во хаосот не успеале да стигнат до аеродромот.
Моментално најголем проблем е што талибанците го затворија пристапот до аеродромот во Кабул, а американската армија објави дека викендов била присилена да најде алтернативни патишта до аеродромот заради опасноста од ИСИС.