Подкастот на Џо Роган беше првиот сериозен аларм за тоа што нè чека, преку интервјуто со угледниот авторитет Мајкл Остерхолм кој лани во март шокираше со прогнозата дека само во САД новиот коронавирус ќе земе 500.000 животи (на денешен ден се речиси 650.000) а чии поенти ги пренесовме во статијата “Ако нешто нè извади од памет, ова нè извади од памет’.
Подоцна стана контроверзен кога се промени официјалниот став кон маските (за кои на почеток велеа дека е глупо да ги носиме) а Роган продолжи да ја преиспитува нивната целисходност.
Еден од најплатените подкастери на светот (премина на Спотифај зa 100 милиони долари) закачил ковид во Флорида каде имал три шоуа, во време кога Флорида го бележи најголемиот пораст на заболени.
Од симптомите кои ги имал (снеможeност, треска, главоболка, чувство како да си прегазен) му било јасно за што се работи, се тестирал и бил позитивен а се третирал со моноклонални антитела (третман кој го прими и Доналд Трамп лани), ивермектин, лекот за коњи кој останува контроверзен затоа што официјално не се препорачува но клинички студии покажуваат неговаа ефикасност (види: Што протокол е тоа ако не е унифициран?), антибиотик, стероидот преднисон, витамински капки, минерали и електролити.
„Искрена благодарност до модерната медицина која брзо ме извади од проблемите,“ порача Роган во видео.
Од менито на модерната медицина во врска со ковид, Роган најверојатно нема примено вакцина, бидејќи едно врeме проценуваше дека тој лично нема потреба од тоа, иако подоцна објави дека се ставил на ред за онаа на Џонсон и Џонсон, само што таа потоа беше паузирана зради дополнителни тестирања вио врска со згрутчувањето на крвта.