САД погрешно изиграа во Авганистан дури и со афионот

Освен што сега на повлекување им оставаат милијарди долари во опрема и оружје, Американците ѝ претходно им помогнаа на талибанците да имаат пари за да направат комплетен пресврт во земјата. Така што им ја збришаа конкуренцијата во производство на опиум.

Одгледувањето афион е вековно стара и секогаш исклучително профитабилна гранка во Авганистан. Во 2.000 година, во обид да добијат олабавување на санкциите и зголемен углед во меѓународната заедница, талибанците забрануваат одгледување афион. Го прават тоа ефикасно: одгледувањето брзо опаѓа за дури 94 посто, а посевите речиси ги снемува, но талибанските власти наидуваат на жестоко негодување меѓу руралната популација, па веќе следната година ја укинуваат забраната.

Окупирајќи ја земјата во 2001 година, САД веднаш решаваат да го сузбијат тоа производство за да се намали производството на хероин и други опијати. Идејата е со замена на афионот и охрабрување на алтернативите, да се намали продукцијата на сировината, што би донело до зголемување на цената на крајниот производ, по што би требало дома кај нив да се намали потрошувачката. Ова САД го сметаа за двојно корисно: и заради сопствената војна против дрогите на домашен терен и поради намалување на финансиите на талибанците.

Мотивите можеби се добри, но логиката е погрешна. Цената на суровината игра многу мала улога во крајната цена на хероинот па и големи поскапувања на таа ставка не прават ништо посебно во крајната цена во која клучна улога имаат вградените трошоци на производство, криумчарење, корупција и профити на сите алки во ланецот.

Но тоа не е најлошиот аспект. Како што САД го притискаа опиумот во областите кои ги контролираа, така неговото производство се селеше во оние области кои ги контролираа талибанците со што директно им го зголемуваа приходото на својот главен непријател.

Како што покажуваат мапите, пред да почне американската кмпања против опиумот во 2005 година, афион се одгледувал во 32 од вкупно 34-тее провинции во државата. До 2009 година, тоа веќе е преселено во јужните и југоисточните делови кои се под талибанска контрола.

16 провинции под контрола на про-американската влада биваат комплетно исчистени од афион но затоа во останатите делови, производството на афион почнува да цвета и веќе во 2008 година, 98% од вкупното производство се случува во регионите под контрола на талибанците носејќи им приходи од барем 500 милиони долари годишно.

30 август 2021 - 16:34