Дали Ајфон 13 е почеток на походот на Епл за уништување на телекомите?

Една од најинтересните гласини околу следниот Ајфон е дека фабрички ќе има можност за поврзување на сателитска врска и користење на истата за разговори и пораки, без никаква потреба од локален телеком оператор или мрежа.

Информацијата е од еден од најпознатите аналитичари и предвидувачи на тема Ајфон, Минг-Чи Куо, според кого 13-ката благодарејќи на адаптираниот Куалком Икс60 чип ќе може директно да се поврзе на сателити во ниска орбита (ЛЕО). Истите овие сателити се познати и како дел од Старлинк интернет услугата на Илон Маск.

На почетокот од годинава Куалком објави дека претстојниот Икс65 чип ќе има поддршка за н53 опсегот на фреквенции на Глобалстар. Претходно 3ГПП (Third Generation Partnership Project) одобри н53 да влезе во 5Г опсегот на фреквенции.

Доколку оваа гласина е точна, тогаш Икс60 чипот ќе подржува и дел технологиите кои го составуваат 5Г.

Иако за сега е рано да се зборува за комплетно потпирање на сателитска конекција, најверојатното сценарио е дека сателитите ќе бидат поддршка за 5Г конекција на места на кои се уште не се доволно покриени со 5Г антени.

Две работи со кои уште не е на чисто, е како оваа конекција ќе влијае на батеријата на Ајфонот, и каква ќе биде конекцијата на покриено и под дрвја.

31 август 2021 - 10:10