Од човечките жртви 387 илајди се категоризирани како цивили, 207.000 како локална војска и полиција, и околу 301.000 непријателски војници убиени од американската армија или сојузниците. Бројот на жртви кај американската армија (и аутсорсот кај приватни војски) е околу 15.000, плус уште толку загинати меѓу западните сојузници на САД, и неколку стотици новинари и хуманитарци.
Во извештајот се наведува дека дел од загинатите кои се водат како непријателски борци, може да биле цивили бидејќи „има политички субвенции за класификување на загинатите како милитанти наместо цивили“. САД претходно признаа дека имаат пракса секое убиено машко на возраст за служење војска, да го класификуваат како милитант, освен ако не се докаже спротивното.
Неодамна беше објавена истрага во која американски оператори на дронови признаваат дека во провинцијата Хелманд во Авганистан имале дозвола да го убијат секого што ќе видат дека има воки-токи во рака, или носи војнички елек. Хелманд за цело време на војната е озолгасена како една од најмалку безбедните провинции во земјата, која речиси и да нема мобилна мрежа. За дел од операторите, американските фунционери биле до тој степен исфрустирани од неуспехот да постигнат стратешка победа или добри преговарачки услови, што „метрика за успех беше трупање на непирјателски лешеви.“
Пресметката е на проектот Цена на војната, на Универзитетот Браун, и ги опфаќа војните во Ирак, Сирија, Авганистан, Пакистан, Сомалија и останати региони во кои САД имаа воен ангажман. Во математиката се опфатени само директните случаи, а не и индиректните, како починати од недостаток на храна, вода, инфраструктура.
Од Проектот наведуваат дека нивната бројка на загинати е конзервативна, објаснувајќи дека проблемот со пресметување на бројот на жртви во војната е во тоа што американската армија упорно одбива да води евиденција за бројот на луѓе убиени во нејзините акции, како и оддалеченоста на регионите во кои се случуваат голем број од конфликтите.
Од потрошените пари 2300 милијарди долари САД ги трошат на операциите во Авганистан и Пакистан, 2100 милијарди на Ирак и Сирија, и 355 милијарди на Сомалија и други региони во Африка. Дополнителни 1100 милијарди од 2001 се потрошени на безбедност во САД.
Сите овие пари не ги вклучуваат трошоците што САД ги имаат за десетиците илјади војници кои се вратија осакатени и трауматизирани од војните, од кои голем број ќе станат зависни од помош од федералната влада. Процената е дека за овие ветерани до 2050 ќе бидат потрошени 2200 милијарди долари.
Со ова, вкупната сума станува 8 илјади милијарди долари. Сепак и тука не се пресметани парите што САД ги потрошиле на економски развој и хуманитарна помош во воените зони, ниту пак каматите што ќе требаат да се плата за масовниот буџетски дефицит што се користи за плаќање на следните војни.
Во септември 2002, тогашниот главен економски советник на претседателот Џорџ Буш, Лоренс Линдзи, објави дека горната граница на цената на окупацијата ќе биде меѓу 100 и 200 милијарди долари. Подоцна истата година, директорот на канцеларијата за менаџирање и буџет, даде уште поскромна процена, дека војната во Ирак најверојатно ќе ги чини американските даночни обврзници меѓу 50 и 60 милијарди долари.