Судска казна на денот: да се прочита нешто нормално

Млад човек кој се нашол на суд откако симнал импозантна екстремистичка литература, меѓудругото и за тоа како се прави бомба, добил препорака од судијата да проба некои поквалитетни четива.

Во судската пресуда за 21 годишниот Бен Џон стои и препорака да прочита нешто што реално ќе го збогати неговиот светоглед а не да конзумира само литeратура за белиот супрематизам и слично.

А Џон за второво е спремен за докторат бидејќи бил во посед на речиси 70.000 документи на таа тема. Во Велика Британија е забрането да се поседува литература која е корисна за изведување насилни и терористички дејства. 

Осуден е и на петгодишна условна казна, период во кој не смее да стори кривично дело.

Иако му кажал дека е „дечко со малку, ако не и ич пријатели“, што е погодна атмосфера за будалести екстремистички и нео-наци фантазмагории, судијата Тимоти Спенсер сепак решил да биде благ со Џон верувајќи дека сепак е млад човек кој уште има време да ги смени работите и да заживее нормален, про-социјален живот.

Инаку, за лектира му биле препорачани Дикенс и Шекспир.

2 септември 2021 - 10:39