Ванг Ји ова му го кажува на Џон Кери, кој сега е на функција американски пратеник за климатски прашања, плус го поттикнал САД да почнат да преземаат чекори за подобрување на односите.
„Кина и САД имаат разлики околу одредени прашања. Во меѓувреме, имаме заеднички интереси во голем број области како климатските промени.
И двете страни треба да одржат дијалог и комуникација по основа на взаемна почит и да спроведуваат обострано корисна соработка,“ порачал Ванг во разговорот со Кери.
Кина е најголемиот загадувач со стакленички гасови во светот. На второ место е САД. Кина е најголемиот потрошувач на јаглен во светот, која 60% од својата електрична енергија ја добива од фосилни горива.
Пекинг го наведува загадувањето на САД низ историјата како причина за отфрлање на подрастични мерки за намалување на издувните гасови. Планот на Кина е 20% од електричната енергија до 2025 да биде од обновливи извори, јаглерод неутрална да биде до 2060, а вкупните издувни гасови да почне да ги намалува од 2030.
Двете држави имаат прилично напнати односи уште од доаѓањето на Трамп на власт, кои само продолжија во иста насока откако и администрацијата на Бајден реши дека правецот што го терал Трамп и не е така погрешен како што го напаѓаа.