Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Наше е да ве потпалиме, ваше е да изгорите

Британски шпиони одиграле битна улога во масакрите на комунисти во Индонезија во 60-тите години, буцкајќи и локално население и армиски генерали да го ампутираат „комунистичкиот канцер“, откриваат неодамна декласифицирани документи. 

Џо Роган им направи сачекуша на CNN

Три и кусур саати гостин кај Роган беше доктор Санџеј Гупта, главниот медицинар на CNN. Нормални и паметни муабети но и до крај нагазување на проблематичните теми: на пример, упорното оцрнување од страна на CNN на ивермектинот како лек против паразити кај коњи. Гупта призна дека не требало да го етикетираат така.

Црно-белиот пешачки е премногу „бел“

После еден трагичен инцидент во кој настрада црнец кој минувал улица надвор од пешачки, прогресивните сили на САД најдоа чудесен начин како да се спречат такви работи во иднина.

Полска меѓу „не“ и „никогаш“ на тема прием на нелегални мигранти

Запрашан како тоа Полска има примено над 2 милиони главно украински мигранти, а не сака да прими ниту муслиман, пратеникот и член на полската владејачка партија, го корегира водителот дека според меѓународен закон има правна разлика меѓу мигранти, бегалци и нелегални мигранти. Украинците биле мигранти, до Полска нема ни една земја во војна за да има бегалци а нелегалните мигранти ни под разно нема да влезат.

Бејрут пак се претвори во Бејрут

Сред протести во Бејрут околу истрагата за експлозијата на пристаништето инстантно беа извадени ракетни фрлачи, снајпери и калашникови. Во најтешките судири во последниве 10 години, загинаа најмалку 6 луѓе и дузини ранети и повредени.

Побуна во Нетфликс заради Шапел

Околу 1.000 вработени во Нетфликс планираат да демонстрираат „заминување од компанијата“, навредени од новoто шоу на Дејв Шапел за кое тие се убедени дека било навредливо за транс-сексуалците. Ќе го скине ли и Шапел одвратната кансел култура во која секој е сенешто навреден?

„Слатките“ роботи-кучиња само што станаа воено оружје

Нешто слично на оние веселите и забавни роботи-кутриња на Бостон динамикс имаат и Гоуст роботикс, само нивните се со снајпер, сензори и камери за надзор. Баш тоа што Асимов го збореше на времето.

Бараш кредит? Бриши тоа Порнхабот

Експерти предвидуваат дека во не толку далечна иднина, вашите интернет навики би можеле да решаваат за вашиот личен кредитен рејтинг односно да одредуваат колкав кредит и по која каматна стапка може да ви се даде.

Војската му покажа на Ким Џонг Ун колку ќотек може да издржи

Пред цела трибина накитени генерали, функционери и најважниот човек во Северна Кореја, некои од  најподготвените војници на армијата покажаа на што се окоравувале периодов.

Култот на вакциналната невротичност

Мат Таиби педантно регистрира како морфираа вестите за новото апче против ковид на Мерк. Како од најнормална вест дека ете, имаме апче, пак се заврши со наравоучение: јес да имаме апче, ама вакцините се закон. Ко за глупи.

Пентагон изгуби висок функционер затоа што САД веќе се поразени од Кина во вештачка интелигенција

Сајбер-безбедноста на САД не е никаков предизвик за Кина и е на „ниво на градинка“, е причината зошто си даде оставка некогашниот шеф за софтвер на американската авијација и човек кој има работено на сајбер-безбедноста на Пентагон, Николас Чаилан.

Американската средна класа е на колена

За првпат воп историјата, топ 1 процент од најбогатите Американци имаат повеќе од целата американска средна класа. Колку да не ве чуди што Безос и компанија толку вложуваат во БЛМ и слични колективистички разбудености, за да не се сетат луѓето каде всушност лежи зајакот.

Нобел нема да воведува квоти за пол и националност

Шведскиот научник и прв човек на академијата што доделува Нобеловата награда, Јоран Хансон, отфрли каква било можност за квоти при изборот на добитници на наградите.

@Russia му ја згреши мечката на Путин

Во желба што повпечатливо да му го честита роденденот на рускиот претседател, официјалната верификувана Твитер сметка @Russia го намонтира Путин до една масивна мечка, и сега Американците им фаќаат сеир дека мечката не била нивна.

За британската полиција принцот Ендру е чист

Материјалите што биле доставени до лондонската полиција за наводната педофилија на принцот Ендру се разгледани и заклучено е дека нема потреба од преземање „дополнителни мерки“ против синот на Кралицата.

Фин комшилук околу британски нуклеарни подморници

Во близина на база на британски нуклеарни подморници во Шкотска, земјиште изнајмил човек за кој се открило дека е страсен подржувач на талибанците. Само што мештаните се насекирале, газдата го напудил кираџијата. А тој, газдата, Иранец, некогашен член на иранската морнарица. 

Будните го прогласија Бил Мар за гневен бел човек

Бидејќи Мар е „кого удрам - не жалам“ а е еден од оние кои американските шарени ги сметаат за природно свои (во политичката битка против десницата), особено се брутални кога ќе ги закачи нив. Белец на црнец да му каже „каде му е местото“ одамна не е можно и добро што е така. Ама обратно, ете, може.

Синот на поранешниот авганистански министер за одбрана купи милионска вила во Беверли хилс

Гледајќи некоја поголема слика ова е успешна приказна за тоа како американските пари вложени во странство се вратиле назад во домашната економија.

Дали ќе излезе дека „Хавана синдромот“ е од штурци?

Хавана синдромот кој се јавуваше кај американски разузнавачи и дипломати, и се шпекулираше дека е од тајни оружја, радиобранови, сонични напади, фокусирана енергија, всушност да ти бил предизвикан од штурци.

Трамп беше во право, Русијагејт е ујдурма на Демократите

Русијагејт беше клучниот криптонит против Доналд Трамп а јавноста беше системски бомбардирана со сомнежи дека Трамп и Кремљ се ујдисани. Откако Трамп беше детронизиран, клопчето се одмотува и се доаѓа до изворот на аферата- високи кругови во Демократската партија.

Природни гробишта или како да го закопаме дедо на ливада, а да не се налути?

Во околината на белгиски Гент отворени се првите природни гробишта во кои телата на починатите се закопуваат во дупка на отворена ливада без никакво обележје и имаат рок од 25 години да се распаднат.

Ништо веќе не е смешно

Професорка по антропологија се сликала со древен череп од американски домородец. Насмеана. Будните СС дивизи од Твитер тоа не го пропуштаат па веднаш прават ишју: како тоа се смееш кога си со череп? 

Германија ќе ги обештети преживеаните Евреи од Ленинград

Германската програма за обештетување на преживеани од Холокаустот се прошири и опфати и илјадници Евреи кои ја преживеале опсадата на Ленинград. Онаа Бугарија, државата која ги плаќаше возовите со кои македонските Евреи беа праќани во Треблинка, кога ќе се фаќа за џеб?

ЦИА има мака да најде квалитетни кодоши во странство

Американските разузнавачи ја предупредија секоја една станица и база на ЦИА низ светот дека проблематичен број на нивни локални кодоши кои шпионираат за САД се заробени или убиени.