Бараш кредит? Бриши тоа Порнхабот

Експерти предвидуваат дека во не толку далечна иднина, вашите интернет навики би можеле да решаваат за вашиот личен кредитен рејтинг односно да одредуваат колкав кредит и по која каматна стапка може да ви се даде.

Банките и штедилниците во иднина би можеле да ги прецизираат индивидуалните кредитни портфолија земајќи предвид и нечиј дигитален футпринт, односно неговата интернет историја, пребарувања и онлајн купувања, велат истражувачи од ММФ.

На тој начин, комбинирано со традиционалните параметри, банките би можеле да дојдат до попрецизно профилирање на нивните клиенти.

Притоа би се користелa вештачка интелигенција,  машинско учење и алгоритми кои врз основа на сите податоци би пресметувале и би ваделе модел кој за каков кредит е, со минимизирање на ризиците по банката.

Рано е веднаш да почнете со шминкање на вашиот дигитален профил, но не е чудно да го доживееме и ова орвелијанско сценарио.

14 октомври 2021 - 11:12