Станува збор за Дауд Вардак, син на Абдул Рахим Вардак, кој за нецели 21 милион долари (20,9) е нов жител на Беверли хилс. Станува збор за куќа од 840 метри квадратни на имот од 2350 метри квадратни.
Куќата последен пат е продадена во 2016 по цена од 9,5 милиони долари.
За Вардак помалиот се знае дека е роден во Авганистан во 1977, и дека претходно поседува стан во Мајами бич, во еден од најпрестижните делови, во вредност од 5,2 милиони долари.
Братот на Дауд, Хамед, има сопствена фирма за воен транспорт, основана во Вирџинија, но работи главно во Авганистан, која имаше договори со американската влада за обезбедување на трасите за снабдување на американските сили во Авганистан. Договорите на компанијата на Хамед наводно вредат 360 милиони долари.
Абдул Рахим Вардак беше министер за одбрана на Авганистан од 2004 до 2012, а претходно минува цела кариера на државни позиции.