Будните го прогласија Бил Мар за гневен бел човек

Бидејќи Мар е „кого удрам - не жалам“ а е еден од оние кои американските шарени ги сметаат за природно свои (во политичката битка против десницата), особено се брутални кога ќе ги закачи нив. Белец на црнец да му каже „каде му е местото“ одамна не е можно и добро што е така. Ама обратно, ете, може.

Приказната започнува со едно изнудено извинување на авторот на филмот „In the Heights“, за тоа дека имало малку афро и латино луѓе во филмот па Лин-Мануел Миранда, пионерски ѝ се заколна на твитер ордата дека ќе се поправи во следниот филм.

Изнудено затоа што претходно се набилда голем притисок околу таа тема, толкав што и една од актерките која глуми во филмот а има афро-латинска крв (Лесли Грејс, ја глуми Нина во филмот) почувствува потреба да се изјасни и и изрази надеж дека во вакви филмови главниот збор ќе го имаат „браќа и сестри кои се потемни од мене.“

На ваквото коленичење, Бил Мар изреагира до Миранда:

Те молам, престани со извинувања. Ти си дечкото кој татковците-основачи ги направи црни и хиспано (види овде). Не мора да му се извинуваш на Твитер! Побогу! Баш заради вакви работи луѓето ги мразат Демократите!

Ова не мина незабележано од разбудените и везден будните па водителка на МСНБЦ, упати неверојатно жестока критика на адреса на Бил Мар, која во суштина е тежок расизам.

Настрана тоа што Тифани Крос за Мар дече дека долго време е „шлакнат“, таа го прогласи за „гневен бел човек“, дека е таков бидејќи ја губел демографијата која му носела привилегии, дека се плашел дека тие промени ќе го фосилизираат па се осмели и да му каже каде му е местото.

„Бил Мар, не е твоја работа на обоени луѓе да им кажуваш од што треба а од што не треба да бидат навредени. Држи се и остани си во својата лента!“

„Одлично е да се гледа како Мар ја ремети левицата овие денови. Откако Трамп ја напушти Белата куќа, тој сфаќа што има превидено последните четири години, дека левицата го има изгубено умот и дека има прифатено неиздржливи однесувања,“ пишува Боби Бурак во Ауткик.

Гневот кој го доживува Мар од будните не е невообичаен. Идеолошки запалените кругови знаат да бидат особено брутални кон оние кои ги сметаат за „природно свои“, дури и многу повеќе отколку кон нивните автентични политички противници. 

Види:

Левицата го мрази Питерсон затоа што игра на нивен терен 

11 октомври 2021 - 09:46